ВОЗЕЊЕ АВТОМОБИЛИ САМО АКО ВИ ДОЗВОЛИ МАКРАДУЛИ: Популистички методи на владата во пресрет на изборите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прес конференцијата на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули преставува чист популизам во пресрет на изборите. Тој практично вети дека ќе го исчисти владата загадениот воздух со протоколарни заложби и рестриктивни мерки кои одат на штета на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прес-конференцијата на Јани Макрадули од СДСМ.

-Посебниот сообраќаен режим или воведувањето на мерката пар непар за возење на автомобили нема да го реши проблемот со загадениот воздух, туку само ќе ја зголеми нервозата на граѓаните и ќе ја потикне нефункционалноста за што ќе трпи и бизнисот како и граѓаните. Загадениот воздух нема да се исчисти со мерката на владата која ја презентираше Макрадули за зголемување на административните капацитети за проверка на оџаците на домаќинствата. Како министерство тоа може да го прават и сега, но откако тoa ќе го констатираат треба да понудат и конретно решение, истакнаа од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сите мерки кои ги презентираше се давање на иницијативи, а не конкретно делување што покажува дека ништо од ова нема да се оствари и оваа прес конференција е гол и примитивен популизам во однос на претстојните локални избори. На граѓаните им се потребни прецизни и сеопфатни мерки кои квалитативно ќе го подобрат загадениот воздух и животната средина.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This