ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Погледнете какво невреме не очекува до крајот на неделата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невреме со пороен дожд, грмежи, град и засилен ветер попладнево го зафати Скопје и скопската котлина. Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека невреме имало и во Велес и Свети Николе, а се очекува и во Тиквешкиот регион.

 

Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места и во текот на вечерните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во текот на утрешниот ден, претпладне и околу пладне, во западните делови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 23 до 32 степени. УВ инкексот ќе биде 6.

Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This