ВОЈНА ВО БРАЗИЛ: Армија на улиците, протести поради превисоката цена на горивата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бразилската влада издаде наредба да се отстранат блокадите на автопатите поставени од камионџиите во протестите поради превисоките цени на горивото, велат владини претставници.

Бразилскиот претседател Мишел Темер одлучи дека по средбата со министрите во главниот град на Бразил, војската и полицијата имаат овластување да ги отстранат блокадите, изјави неименуван официјален претставник.

Претседателот рече дека бразилската влада ќе има храброст да го заштити населението од протестите и им рече на камионџиите дека ќе бидат одговорни за штетата што ја прават на државата.

Ова е петтиот ден по ред откако поголемиот дел од Сао Паоло е блокиран од страна на камионџиите, а вонредна состојба е прогласена поради недостиг на гориво, според Ројтерс.

Преговарачите на незадоволните камионџии во четвртокот се согласија да ги прекинат протестите, откако владата вети дека ќе ги стабилизира цените на дизелот, што според Ројтерс ќе чини 1,4 милијарди долари.

Протестотна возачите на камиони, според агенцијата, се одвива и покрај договорот со владата.

Поради протестот, бензинските пумпи не добиваа редовно снабдување со гориво, а маркетите не ги добија потребните производи.

Во некои градови во Бразил, јавните училишта и универзитетите немаа часови, а девет летови на меѓународниот аеродром во Бразил беа одложени, соопшти АП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This