ВОЈНА ПОМЕЃУ САД И РУСИЈА НЕМА ДА ПОЧНЕ ВО СИРИЈА: Зошто САД и Русија се воздржуваат од активности еден против друг во Сирија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сирискиот судир кој трае веќе неколку години со директно учество на Русија и САД би можел да заврши со правата војна помеѓу тие две земји. Причината за судир со далекусежни последици би можел да биде и секој најмал неочекуван инцидент, пишува британскиот весник „Гардијан“


Опасноста од таков инцидент, според наодите на весникот, стануваат се поочигледни по нападот на Американците и нивните сојузници на сириските воени објекти и воените авиони. Доволно е да се сетиме на ракетниот напад кој во април по наредба на Трам беше изведен врз сирискиот воен аеродром, или сирискиот ловец кој неодамна беше соборен од коалициските сили. Со обзир на тоа што Русија го поддржува официјален Дамаск, нападите кои ги извела американската војска во Сирија, Москва би можела да ги сфати како напади на себе.

„Неодамнешните случувања потсетуваа на посредните судири помеѓу суперсилите пред крајот на Студената војна, но со додатни елементи на ризик“, пишува „Гардијан“. „Притоа, ситуација во која секоја грешка може да доведе до директен судир, е само прашање на време“.

Ситуацијата во Сирија и понатаму е тешка, и дотолку повеќе, не се развива во корист на Американците. Асад сеуште е на власт, а неодамнешната идеја за поделба на земјата на неколку зони на влијание е сеуште далеку од реализација.

Меѓутоа, тоа не е причина за преувеличување на улогите и значењето на Сирија за САД. Сама по себе, Сирија и нејзиниот претседател Башар ал Асад не се од посебен интерес за Вашингтон. Главната причина за мешање во сирискиот судир се сојузничките односи помеѓу Даманс, и многу поважниот за Американците, Иран. Слабеењето и можната поделба на Сирија, САД ќе успее да го намали и автоматски ослабне влијанието на Техеран во регионот.

Затоа, всушност, САД немаат никакви причини за време на сириската кампања да бидат во судир со Русите, бидејќи тоа е закана од потполно поразлиен судир, непотребен за никого.

Јасен доказ за тоа предупредување кои Американците им го дадоа на руската војска во очи на ракетниот напад на сирискиот воен аеродром. Од една страна тоа говори дека помеѓу руската и американската војска сеуште и понатаму работат каналите за врски и информирање, а од друга страна, САД се спремни на секој начин да избегнуваат случаен напад на Русите кои се наоѓаат во зоната на судир.

Руската страна, без обзир на острата реторика и силните изјави, има сличен став. Во случајот со истиот тој ракетен напад, „томахавките“ беа во домет на рускиот систем С-400 кој е разместен на Сирија, но не лансираа ниту една ракета.

На тој начин руската и американската војска добро го разбираат степенот на својата одговорност и немаат намера да ја преминат „црвената линија“.

И едните и другите имаат повеќе од доволно формални причини за размена на напад во текот на сирискиот судир, но никој не помислил да ги прекрши табуата.

Сетоа ова доведува до еден можен заклучок: практично, нема шанси Сирија да биде детонатор за вооружен судир помеѓу Русија и САД. Тоа, можеби е и најдобрата вест.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This