April 19, 2024, 12:45 am

ВОЈНИЦИТЕ БЕЗ ЧИЗМИ, РАДМИЛА ВО НОВО ВОЗИЛО: Шеќеринска ќе набави ново луксузно возило со парите на Министерството за одбрана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана како и целата влада секојдневно влегува од скандал во скандал. Имено неверојатни 187 илјади евра од буџетот на министерството за одбрана се пренаменети за набавка на луксузно моторно возило во кое ќе се вози министерката Радмила Шекеринска, пишува порталот Лидер.мк.

Потписник на измената и дополнувањето во Планот за јавни набавки е министерката за одбрана, Шекеринска.

Постапката е започната уште во 2017 година, кој исто така во планот за набавки за 2018 година може да се забележите дека е ставена точката за набавка на возила од 2017 година како започната процедура од стариот Буџет.

Додека условите во кои војската работи се мизерни, Шекеринска се луксузира и расфрла со парите на граѓаните. Припадниците на армијата во повеќе наврати протестираа и се жалеа на условите кои ги имаат во касарните. Шекеринска пред повеќе од 6 месеци најави целосна обнова на опремата на војниците, но и до ден денес војниците не добија никаква опрема.

Професионалните војници се жалеа на исхраната која воглавно се состои од конзервирана храна односно паштети, тие носат стари униформи и искинати чизми, а се жалат и на ниските дневници. Наместо овие пари да бидат пренаменети за подобрување на условите во кои армиските вработени работат тие ќе служат за набавка на луксузно возило.

-Да се потсетиме дека ова не е единствен случај на распичничко работење на министерството за одбрана откако со него министерува Шекеринска. Јавноста се сеќава на набавката на морски плодови и апетисани во вредност од 80 илјади евра која наиде на жестоки критики во јавноста, пишува Лидер.

Скандали во министерството покрај во финансискиот дел имаше и во кадровските политики на министерството. Директорот на военото разузнавање Шекеринска назначи вработен во армијата на кој веќе еднаш му беше одземен безбедносниот сертификат, а повторно му беше доделен сертификат од највисоко ниво надвор од процедурите и временските рамки. Шекеринска унапреди во полковник офицер кој бил вратен од мисијата во Авганситан поради обид за силување на жена-војник дел од мисијата во оваа земја.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This