ВО БУГАРИЈА ДОГОВОРОТ СЕ СЛАВИ СО ДОЗА НА ТРИУМФАЛИЗАМ: Зошто во Македонија се крие, а во Бугарија се слави договорот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот по историја Никола Жежов во „Отворено студио“ на Телевизија Нова на тема „Историски аспекти на договорот со Бугарија“ изјави дека порано бил консултиран како историчар за меѓудржавни договори и дека неговите совети биле прифаќани, но дека за сегашниот договор со Бугарија единствени информации кои ги дознава се од медимумите или од неговите колеги историчари од Бугарија

– Треба да истакнам дека сум бил консултиран за одредени прашања за односите со соседите, но во делот каде што сум компетентен како историчар. Тоа се однесувало на членови или предлози на членови во меѓудржавни договори во кои што имаме чувствителни теми од историјата на Македонија и сум бил консултиран неколку пати и сум ги давал моите стручни мислења исклучиво како историчар. Голем дел од тие мои совети биле прифаќани и како такви државните функционери си ги процесирале во тие разговори што си ги имале особено со Република Бугарија, затоа што на неколку пати сум бил консултиран на овие теми и сум ги давал моите стручни мислења, истакна Жежов

Во врска со договорот за добрососедство со Бугарија тој потенцираше дека тоа што го дознава се или полуофицијални информации или тоа што го слушаме од медиумите во Република Македонија, особено во Република Бугарија.

– Немаме официјално известување од нашата влада за договор или нацрт предлог како што го нарекуваат. Од тоа што го слушам од дел од колегите од Република Бугарија, можам да насетам дека повторно чувствителните теми се неколку тоа е тоа е славењето на т.н. „заедничка историја“, прашањето на јазикот, прашањето на прославување на одредени историски настани и кои настани да бидат одбрани како такви, градењето на споменици во одредени делови на територијата на Република Македонија, додаде Жежов.

Тој нагласи дека веќе во Република Бугарија кај дел од нивните државни функционери и кај дел од историчарите се гледа извесна доза на триумфализам дека веќе слават некаква победа на македонизмот како да македонизмот е ненков правез во литературата и уметноста , а не длабоко всадено македонско национално чувство кое што тука е градено со децении.

– Сметам дека што побргу македонската влада да го даде на увид овој нацрт договор за добрососедство со Република Бугаријаза да ние како историчари се вклучиме со нашите стручни совети за кои што сметам дека ќе бидат драгоцени и правовремени, додаде професорот Жежов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This