ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 30 МУЛТИМИЛИОНЕРИ: Расте бројот на милионери во светот, во Македонија има 36 супербогати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на милионери во светот минатата година се зголемил за речиси осум проценти, и сега има 16,5 милиони луѓе со богатство над еден милион долари.

Тие поседуваат рекордно вкупно богатство од 63,5 билиони долари, се тврди во извештајот на глобалната консултантска фирма „Capgemini“.

Најмногу, за фантастични речиси 20 натсто, пораснал бројот на милионери во Русија и сега во таа земја има 182.000 супер богати, се наведува во истражувањето на „Ворлд велт рипорт“.

Според истражувањето на „Ворлд велт рипорт“, први на планетата по бројот на милионери се  САД (4,8 милиони луѓе), Јапонија (2,9 милиона) и Германија (1,2 милион). На четврто место е Кина со 1,1 милион милионери. Овие четири држави имаат 61% од вкупниот број милионери на планетата.

Русија со своите 182.000 милионери е на 15-то место во светот, пренесуваат агенции.

Не е познат вкупниот број на луѓе кои имаат по над еден милион долари во Македонија, но затоа со години се споменува бројка од 36 најбогати кои поседуваат по над 30 милиони долари и чие вкупно богатство е над четири милијарди долари.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This