ВРВЕН КАРДИОЛОГ ДОЖИВЕАЛ СРЦЕВ УДАР НА 52 ГОДИНИ: Немав ниеден симптом, тоа утро се чувствував добро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторот Џон Ворнер е претседател на Американската асоцијација на кардиолози.

На врвот од својата кариера, Џон Ворнер, претседател на американската асоцијација на кардиолози, одржал говор на медицинската конференција во Калифорнија.

“Кога мојот син се роди и кога го запознававме со поширокото семејство, сфатив нешто по малку вознемирувачко: нема постари членови од семејството ни од мојата, ни од страната на мојата сопруга. Сите се починати од кардиоваскуларни болести”.

Помалку од 24 часа откако го одржал говорот, на 13-ти ноември, доктор Ворнер, кардиолог, и самиот доживеал срцев удар, објавил “ABC News”.

“Никогаш не сум помислил дека ќе имам инфаркт на 52 години”, вели Ворнер.

Тој на колеџ тренирал трчање, редовно вежба, внимава што јаде и нема фактори за ризик како што се пушење, висок притисок или високо ниво на холестерол.

“Тоа утро се чувствував добро. Многу луѓе кои претрпеле срцев удар немале никакви симптоми”, вели кардиологот.

Според достапните податоци во САД, надвор од болницата само 10 проценти од луѓето кои доживуваат инфаркт, преживуваат, а реанимацијата може да ги дуплира шансите за преживување.

Според зборовите на неговата сопруга, знаеле дека веднаш му е неопходна помош. Срцевиот удар се случил во хотелска соба, а присутни биле сопругата, синот и ќерката.

“Не дишеше и стануваше се помодар”, вели сопругата. Таа и синот излегле од собата да побараат помош, а со својот татко останала Лорен, која почнала да применува сè што знаела за реанимација. За среќа, во хотелот имало многу лекари, па еден кардиолог притрчал на помош и продолжил да го реанимира Ворнер, а се послужиле и со хотелскиот дефибрилатор. Според неговите зборови, да не била една работа, немало да преживее.

“Да не применувале на мене кардиопулмонална реанимација, денес не би бил жив”, смета др. Ворнер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This