April 23, 2024, 11:47 pm

ВРЕМЕТО НЕ ПОПУШТА: Снег и ниски температури и денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален снег во западните делови, кој кон југ ќе преминува во дожд. Кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од два до седум степени. Во Скопје слично време, променливо облачно, преку денот со краткотрајно наоблачување и со услови за слаб снег на повисоки места, а дожд на пониските. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до четири степени.

Утре преку денот и особено од попладне ќе започнат врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер со што ќе започне неколкудневен врнежлив период, но и период на постепен пораст на дневните температури. Утринските температури ќе бидат претежно во интервал од минус три до три, иако до вторник тие благо ќе се покачат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This