ВУЛИН: Заев не си го одржа зборот, Вучиќ беше во право

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, рече дека премиерот Зоран Заев не си го одржал зборот алудирајќи на неговата изјава дека Приштина може да смета на поддршка од Македонија во сите процеси, објавија српските медиуми.

Вулин со писмено соопштение реагирал на одговорот на Заев, кој на прашањето дали Скопје ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО, рекол дека Приштина може да смета на поддршка од Македонија во сите процеси.

„Како што претседателот Александар Вучиќ најави пред неколку месеци, македонскиот премиер не си го одржа зборот. Иако јавно вети дека ќе биде воздржан во врска со прашањето за членството на Косово и Метохија во УНЕСКО и дека тоа ќе биде доказ за пријателството со Србија, Заев одлучи да ја поддржи Приштина. Заев со ова покажа дека Вучиќ добро ги познава луѓето и околностите, но покажа и што мисли навистина македонскиот премиер за Србија“, навел Вулин.

Во соопштението тој навел дека Србија и српскиот претседател ѝ се пријатели на Македонија и на нејзините граѓани.

„Премиерот на Македонија не знае да го почитува тоа“, истакнал Вулин.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This