ВУЧИЌ НЕ СЕ ЗАМАРА СО ЗАЕВ: Нема да му одговори на навредите, ќе го чека за одлуката за Унеско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека не го интересираат навредите, кои му ги упатил мандатарот за состав на новата Влада во Македонија , Зоран Заев и му порача дека ќе му суди по делата, односно по тоа како Македонија ќе се постави кога ќе се гласа за приемот на Косово во членството на Унеско.

Вучиќ

“Кога ќе дојде гласањето во Унеско, тогаш ќе видиме дали ќе го исполни тоа што го ветија“, истакна Вучиќ.

Додаде дека за разлика од Заев, не сака да зборува што мисли за него, бидејќи, како што рече, не му е дојдено до тоа да излезе со свои ставови за него, туку дека тоа треба да го заклучат граѓаните на Македонија.

“Тој ја претставува втората по големина партија во Македонија. Има можност да формира Влада. Ќе видиме, ќе судиме по делата. Не ми пречи, што лично мене ме навредуваше, тоа зборува повеќе за него, отколку за мене. Не се брзам да му одговорам на таков начин“-истакна Вучиќ.

Премиерот Вучиќ, истакна дека сеуште нема добиено одговор на прашањето  кога тоа раководството на Србија се однесувало националистички и шовинистички.

“Знам дека нема ниту да добиеме одговор, бидејќи тоа не се случило никогаш. Веројатно тоа му било потребно на некој во даден момент.“-заклучува Вучиќ.

Додава дека не сака да ги коментира односите во Македонија, и нагласи дека единствено го интересира да ја остават Србија на мир.

“Ние немаме никакви проблеми, они нека си ја работат својата работа.Знам и имам што да кажам, различни ми се проценките на краток и долг рок. Им посакувам среќа. А тоа што ме споменуваат постојано, тоа не зависи од мене“- истакнува Вучиќ.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This