Гевгеличани порачаа: Послушајте го срцето македонско и откажете се од тиранската платформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Гевгелија и вечерва се одржа мирен протестен марш како поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

gevgelija-4

– Рековме и не одрекуваме. Тука сме и ќе останеме на улиците се додека не се откажат од тиранската платформа, порачаа граѓаните кои го почнаа маршот од собирното место, пред споменикот на Сава Михајлов, а го завршија на шетелиштето во центарот на Гевгелија.

Не само 40, додадоа, туку уште толку денови и ноќи ако треба ќе бидеме по улиците на Гевгелија за да речеме категорично „не“ за т.н. тиранска платформа.

– Го повикуваме Заев и сите политичари да почнат да размислуваат за Македонија, да си го послушаат срцето македонско и да се откажат од тиранската платформа. Додека тоа не го направат, постојано во се поголем број ќе бидеме на улиците, на браникот на нашата татковина и нема да дозволиме некој да ја распродава, рече Бошко Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This