ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУИМИ ПЕСИМИСТИ ЗА НАТО: Русија ја погоди „Ахиловата пета на НАТО“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбивањето на руската компанија “Волга-Днепар” да го продолжи договорот за достапност на руските авиони на НАТО за превоз на тешка воена опрема е сериозен удар од Русија за “Ахиловата пета на НАТО”, пишува германскиот весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг”

Бундесверот и вооружените сили на другите земји на НАТО предвидуваат сериозни ограничувања на нивните борбени способности поради оваа одлука. Претходно, транспортни авиони повеќе од една деценија, пренесуваа голем дел од воената опрема во зоните на конфликт, вклучувајќи топови, тенкови и воени транспортни хеликоптери за Мали и Авганистан, пренесува германскиот весник.

Воената авијација на Германија нема стратешки транспортни авиони кои можат да носат таков товар. Дури и новиот A400M кој почна да се користи не е наменет за транспорт на големи товари.

На крајот од НАТО склучи договор со руско-украинската компанија “Руслан” и од тогаш на аеродромот во Лајпциг постојано два транспортни авиони”Антонов” се подготвени за полетување. По проблемите меѓу Русија и Украина, беше склучен нов договор со секоја од конкретните компании. На крајот, руската компанија му понуди на НАТО 12 авиони за транспорт, а на Украина само седум.

Ако превозникот “Волга-Днепар” не го продолжи договорот со Алијансата, НАТО, вклучително и на Бундесверот, следната година ќе треба да се бара нов начин на транспорт на нивниот тежок товар, вели весникот. Во Германија ова се смета како одговор на Русија на санкциите во ЕУ и САД.

Весникот го цитира претставникот на германската Партија на зелените Тобиас Линднер, кој вели дека стратешката транспортна авијација е Ахиловата пета на НАТО. ” Сега е потребен План Б за да може да се транспортира воена технологија, пишува ” Франкфуртер алгемајне цајтунг “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This