ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Весникот „Ноје цурхер цајтунг” законот за јазиците го анализира како „редефинирање на државата“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Андреас Ернст, дописникот од Белград на „Ноје Цурхер Цајтунг” во написот од 24 август 2017 под наслов „Кревка држава во нестабилен регион: Македонија во потрага по своето јадро” пишува:

„Со издигнувањето на албанскиот јазик на повисоко ниво Македонија се дефинира на нов начин како држава. Од ова изнаоѓање нов идентитет зависи стабилноста на Балканот. Кога земјите воведуваат закони за јазици, тогаш ретко се работи за подобро разбирање, ама речиси секогаш за колективните идентитети. Така е и во Македонија: од двата милиони жители една четвртина се албански говорители. Со еден нов закон албанскиот јазик сега ќе стане официјален јазик на целата територија, покрај македонскиот јазик. Практично со тоа нема да се промени многу што, впрочем, двете етнички групи, Македонците и Албанците, живеат повеќе една крај друга одошто една со друга. А онаму каде што Албанците се најмалку 20% од населението, нивниот јазик и досега имаше службен статус. Издигнувањето на албанскиот јазик на повисоко ниво е, значи, пред се‘, еден симболичен гест. Тој ги зајакнува Албанците како државотворна нација. Македонското етничко мнозинство тоа го гледа со мешани чувства. Дури и Социјалдемократите, кои од неодамна се на власт и покажуваат отвореност кон прашањата на малцинствата, не се согласија лесно со двојазичните ознаки на банкнотите и на полициските униформи. Сега Венецијанската Комисија на Европскиот Совет – еден меѓународен гремиум на правници – ќе одлучи дали измените одговараат на македонскиот устав. Правниот суд потоа обврзува да се спроведе. ”

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This