ГНЕВОТ КАЈ НАРОДОТ Е ОПАСЕН: Им честитам на организаторите кои сеуште некако го контролираат гневот, но до кога?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лично јас мислам дека истоврeменото одржување на локалните и парламентарните избори е најбезболниот начин да се излезе од оваа ситуација. Јас се плашам од друго нешто, нараснува гневот кај народот и во таква една ситуација можам да им честитам на тие организатори на собирите на кои што неколку пати сум бил и знам тоа како оди, кои што сепак го контролираат тој гнев, тоа е многу тешко, со таква маса која е распространета низ 40 градови низ Македонија, вели универзитетскиот професор и поранешен претседател ан Собранието, Саво Климовски во интервју за Сител.

savo-640x348

-Клучот на решавање на состојбата доколку сака да биде безболен лежи токму во рацете на ДУИ, на господинот Али Ахмети. Тој се уште мери, се уште премерува, ова им е историски момент да ги реализираат основите на Призренската платформа. Мислам дека албанските партии сега се пресметуваат. Ако дојде до смирување, ако се повлечат, можно е да се појават некои радикални барања кај Македонците како што ги слушам, дај да го преиспитаме и Охридскиот договор, и хашките случаи и се друго, зошто сметаме дека тие се донесени под диктат, тоа никако не смее да се направи. А, од друга страна можеби треба да се побара од албанските партии да покажат зрелост, разум и да ги остават тие прашања на страна, да ја повлечат палтформата, па во една смирена ситуација да видиме што од тоа таму е рационално, реално, да се погледне, да се види, во смирени околности кои би настанале после изборите. Тоа е разумното решение, треба да се седне, да се формулира во неколку точки, тоа треба да се потпише и да се оди на нови избори, вели Климовски.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This