ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ЗНАЧИ БАЛКАНСКА ВОЈНА: Ако Брисел молчи – ќе биде одговорен за последиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По албанскиот премиер Еди Рама, вчера и косовскиот претседател Хашим Тачи отворено се закани дека голема Албанија ќе биде реалност ако Брисел не го продолжи интегративниот процес и за Kосово.

aleksandar-vulin

Доколку Европската Унија ја затвори вратата за Kосово, сите Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи понатаму со интеграцијата во европското семејство – изјави Тачи.

Речиси истото претходно го изјави и Рама порачувајќи му на Брисел дека доколку избледи европската перспектива за Западен Балкан, можно е да дојде до обединување на Kосово и Албанија.

Во меѓувреме од ЕУ нема осуда на заканите од официјално Kосово, како ни претходно во врска со тие од Рама.

Со револт и осуда за пораките од Kосово и Албанија реагира и официјален Белград. Министерот за работа, вработување, боречки и социјални прашања на Србија, Александар Вулин, за „Дневник“ вели дека тоа што Брисел не ги осудува ваквите изјави и не реагира, практично значи оти дозволува да се случи балканска војна, која е единствениот пат за да се реализира проектот за голема Албанија.

– Тоа може да се спроведе само со балканска војна, Брисел тоа мора да го знае оти ако нема намера да го осуди планот на Тирана и Приштина, мора да им стави до знаење дека ваквото однесување ќе се казни. Во спротивно ќе биде одговорен за сите идните случувања, изјави Вулин за „Дневник“.

Во сличен стил е и неговата изјава што ја пренесе „Танјуг“:

„Приштина и Тирана јасно кажаа која е нивната цел, тоа е голема Албанија и обединување на сите Албанци каде и да живеат во еден етнички простор. Тоа може да се постигне само преку голема балканска војна, а тоа мора да му биде јасно на Брисел, кој ако не е барем во состојба да осуди, треба да стави до знаење дека таквото однесување ќе биде казнето“, рекол Вулин.

Во изјавата за „Дневник“ тој додава и очекувано е што Тачи си дозволува да најавува балканска војна кога бриселските реакции по изјавата на Рама се благи, па дури и со доза разбирање.

– Тачи настана како терорист, па не може од него да се очекува да разбере што било друго. Одговорноста повеќе не е ни во Албанија ни во Kосово оти нам ни е јасно дека тие отсекогаш сонуваат за голема Албанија, дека секогаш ќе сонуваат и ќе направат с` за сонот да им се оствари ако не бидат спречени пред воопшто да се обидат – истакнува Вулин во изјавата за нашиот весник.

До Брисел преку српските медиуми порака испрати и новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ, иронично коментирајќи дека кога тој би изјавил оти „сите Срби треба да живеат во една држава, најверојатно ќе биде закачен во Брисел на јарбол, на местото на некое од знамињата што висат таму“. Тој апелира до албанските и косовските политичари да не даваат изјави со кои се провоцираат тензии во регионот.

– Ние ги молиме, повторувам, ги молиме, бидејќи тоа не придонесува за добри односи во регионот, ниту за создавање атмосфера на соработка и за заедничка соработка на важните проекти. Такво нешто, без разлика на нечии желби, нема да биде дозволено – порача Вучиќ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This