ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО: Гори и кај Плетвар, Долгаец и Фурка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем пожар зафати шумска површина во кривопаланечкото село Баштево, пожарот е активен веќе трет ден, на терен се околу триесетина лица кои активно го гасат, информираат од Регионален центар за управување со кризи, Куманово.

Екипите ТППЕ Крива Паланка во текот на вчерашниот ден учестувале во гасење на пожарот со седум пожарникари и три возила, ТППЕ Ранковце со четворица пожарникари и едно противпожарно возило, Јавно претпријатие Македонски шуми, Подрачно шумско стопанство „Осогово“ Крива Паланка, со десетмина вработени и две теренски возила, а биле вклучени и вработени од локална самоуправа на општина Крива Паланка, пет лица, како и четворица вработени од Дирекција за заштита и спасување од градот.

– Од ТППЕ Крива Паланка во 21:30 часот синоќа не известија дека екипите се вратиле од терен и дека пожарот е се уште активен и се проширува на сите страни. Синоќа сите кои учествуваа во гасењето се вратиле, имало силен ветер и не биле во можност да го локализираат пожарот. Податоците се добиени од одговорно лице од ТППЕ кое се вратило од самото опожарено место, додаваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Денеска во 11 часот во ТППЕ Крива Паланка е примена уште една дојава, за втор пожар во општината, во село Осиче.

Од Центарот за управување со кризи денеска информираа дека пожари има уште на три локации: Плетвар, село Долгаец, општина Долнени и кај село Фурка кон Дојран.

Пожарот кај Плетвар е се уште активен и се движи према атарот на с.Крстец, каде има квалитетна букова шума. Ангажирани се лица од повеќе субјекти, а од ДЗС е побарана подршка од воздух.

Пожарот во с.Долгаец опш.Долнени е активен и се движи кон с. Стровија. Ангажирани се лица од ШС – Црн Бор Прилеп.

Пожарот кај с. Фурка према Дојран е ставен под контрола. На терен се екипи за контрола на опожареното подрачје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This