March 28, 2024, 10:47 am

ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО СЛОВЕНИЈА: Македонците во Словенија на голем протест за слобода на патриотите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иницијативата за граѓанско општество на словенечко-македонскo пријателство денеска одржа масовен мирен протест во поддршка на неправедно притворените лица од настаните од 27-ми април.

Протестот се одржа на плоштадот TRG REPUBLIKE (Цанкариев дом) во Љубљана, каде присуствуваа неколку стотици Македонци, пренесуваа словенечките медиуми.

„Нивен единствен криминал е љубовта кон Македонија“, „Слобода за Владо и останатите патриоти“, „Слобода за политичките затвореници во Македонија“, пишуваше на дел од транспарентите кои ги носеа учесниците на протестот.

Организаторите на протестот побараа итен прекин на разговорите за промена на името на државата, повлекување на неуставниот закон за двојазичност, како и попис под надзор на меѓународни организации.

Еден од организаторите на иницијативата, Андреј Дочински пред насобраните Македонци рече дека Грција го прекршила договорот со блокирање на членството на Македонија во НАТО во 2008 година, што било потврдено и од страна на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2011 година.

– Македонците имаат право да го користат името Република Македонија во меѓународните односи зникој нема право да го попречува тоа, истакна тој.

Тој строго го осуди и го оцени како “неодговорен и нелегален неуставниот закон за двојазичност усвоен од страна на Собранието на Република Македонија“. Иницијативата, исто така, се противи на потпишувањето на договорот за добрососедски односи со Бугарија.

-Сето она што сега се случува е еден вид на геноцид врз македонскиот народ, затоа што сакаат Македонија да го промени своето име. Името на нацијата, јазикот, историјата, да се избрише се што е македонско, рече тој.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This