ГОРИ СЕЛОТО ТРЕБОВЉЕ: Драматична ситуација во Требовље, луѓето молат за помош-бараат хеликоптери и авиони, а Заев мува не го лази!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако за Курир жител на селото Требовље изјави дека ситуацијата е катастрофална, на социјалните мрежи се поголем дел на граѓани очајно бараат помош од институциите.

-Денес гореше селото Требовље! Со сета добиена помош од надлежните служби, огнената стихија не стивна, напротив влезе во селото!

Луѓе ни треба помош! Авиони и хиликоптери треба нон стоп да гасат, а не да прават паузи од 3 саати! Ни треба помош од странство, овој пожар не го гаси ништо.

Инаку надлежните институции потфрлија пред граѓаните останувајќи со денови глуви на апелите и повиците да се помогне во гаснењето на пожарот кој 10 дена беснее кај селото Требовље во близина на Македонски Брод.

Во повеќедневните пожари кои го зафатија овој дел изгореа илјадници хектари борова шума. Владата на Зоран Заев со 26 министри веќе со денови не презема буквално ништо околу гасењето на пожарите, иако Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде директор е Агрон Буџаку има 320 вработени.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This