April 16, 2024, 11:53 am

ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ПРИМЕР: Започнува проектот „Мој општинар“ во Кавадарци-Граѓаните ќе можат лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општината е јавна институција која е сервис на граѓаните и работи во нивни интерес.  Проектот  “Мој општинар“ има за цел да ги детектира проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на овластувањето на надлежностите на општината, согласно законите за определени теми и статутот на општината.

Идејата е граѓаните да можат лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Со реализирање на овој проект се олеснува и поедноставуваат административните процедури за да го пријават својот проблем и да чекаат истиот да се разгледа па дури потоа да се дејствува со решавање, а добиваме еден транспарентен однос помеѓу општината и граѓаните. Односно, една секојдневна поврзаност на граѓаните со сите сектори, општинар кој ќе биде достапен за граѓаните и кој ќе претставува контакт за сите потреби, проблеми и нерегуларности во даден реон од градот.

Град Кавадарци е поделен на 10 реони. Секој реон има свој општинар кој ќе биде излезен на терен и ќе прима забелешки лично од граѓаните за проблемите кои можат да се решаваат а се во надлежност на локалната самоуправа. Општинарот ќе работи 5 дена во неделата од понеделник до петок. Секој ден, на крајот од работното време општинарот е должен да достави извештај од тековниот ден со сите информации и забелешки кај претпоставеното лице.

Еднаш или два пати во неделата, во зависност од потребата на граѓаните во даден реон, општинарот ќе работи и втора смена. Еден општинар ќе биде задолжен за селата, ќе ги посетува по претходно утврден распоред. Исто така и на официјалниот сајт на Општина Кавадарци ќе има посебен дел на “Мој општинар“, каде ќе има преглед на секој реон со дадени улици и општинар како и контакт од општинарот а и опција онлајн да се пријавуваат проблеми до општинарот на даден реон.

Главна цел на овој проект е собирање, издвојување, класифицирање и обработка на што повеќе податоци за проблемите недостатоците на условите за живеење на граѓаните како и проблемите произлезени од поедини фактори. Крајната фаза е класификација на проблемите и доставување до релевантните служби за нивно решавање и реализација.

Ваков проект се реализира за прв пат во Македонија. Моите надежи за успех на овој проект и надвор од Кавадарци се огромни. Се надевам дека после успешната реализација и успешното функционирање на проектот и другите градови во Македонија ќе го превземат овој транспарентен начин помеѓу општината и граѓаните.

Исто така во склоп на овој проект за прв пат во Македонија почнува да функционира и програмата ГИС. ГИС- от овозможува брза, лесна и сеопфатна можност за пребарување, просторен приказ и анализи на географските и други просторни податоци. Оваа апликација ќе им биде од голема помош на општинарите.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This