April 16, 2024, 12:01 pm

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ НОВИ ИЗБОРИ: Мнозиството граѓани бараат одржување на нови парламентарни избори покажува истражувањето на ИРИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четириесет и четири отсто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена преку интервјуа лице-во-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава.

izbori

 

 

 

Доколку се одржат предвремени парламентарни избори, 59 отсто од испитаниците би биле многу расположени да гласат, 18 отсто би гласале, а 7 отсто не се расположени да гласаат.

Доколку има предвремени парламентарни избори, За ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентрани избори би гласале 27 отсто од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 отсто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 отсто за Алијансата на Албанците и за ДПА.

На прашањето кои се двата најсериозни проблема со кои се соочува Македонија, 45 отсто од испитаниците одговориле моменталната политичка состојба и политичката криза, 37 отсто ја истакнале невработеноста, 23 отсто лошиот стандард на живеење, а 18 отсто економската криза. За 7 отсто проблем е националното неединство предизвикано од тиранската платформа, а за 6 отсто интеретничките односи.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This