ГРУЕВСКИ ВО ШТИП: Инвестиции во инфраструктурата, покриен базен, нова детска градинка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, на напредок и исполнети ветувања, одговорност, достоинство и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција, и која ќе покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени или можеби барем малку се скпетични дека „Да, ние можеме. Да, Македонија може. Македонија може и мора подобро“.

Ова денеска од митингот во Штип го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека продолжуваат да ја следат нивната патека, со целосна поддршка од граѓаните, со иста љубов и посветеност како првиот ден. Тој посочи дека искрено верува оти изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нацијата и за Македонија.

-Оваа земја му припаѓа на народот. Овој град му припаѓа на неговите жители. Ти си тој што ќе донесе одлука и го има последниот збор за нашиот град, за нашата татковина.  Нашата најважна цел е да ја реализираме волјата на граѓаните, волјата на народот и нивните соништа. Работиме само за таа цел. Бидејќи сме тука да ви служиме, ние сме во ваша служба, потенцира Груевски.

Нагласи дека секогаш му е мило кога ќе отиде во Штип каде што поминал дел од неговото детство и младост.

-Секогаш кога ќе дојдам овде во Штип некако полно ми е срцето, и заради сеќавањата од честите подолги престои во детството и младоста овде во овој прекрасен град, и заради многу нешта кои тука ги направивме, подобривме и решивме. А пред се заради луѓето, заради Вас, драго моите штипјани. Израснав со баба ми, која од раѓањето па се до нејзината некаде 50 та година живеела во Штип, и мајка ми која првите 14 години ги поминала тука. Растев со приказните за случувањата во Штип во првата половина и средината на 20 тиот век, а потоа пак во годините на моето детство и младост во седумдесетите и осумдесетите години, многу често го посетував овој град и тоа најчесто по иницијатива на вујко ми Јордан, кој неуморно и бескрајно се гордееше со Штип, и со историјата на овој град, со историјата на ВМРО, за која ми прераскажуваше уште кога бев дете и ништо не знаев за Тодор Александров, , за Мише Развигоров, за Панчо Михајлов – Чердар, за Иван Јанев, за Ефрем Чучков, за Славчо Ковачев, но и за многу други револуционери и војводи од овој град, но и за многуте борци во НОБ на чело со командантот на партизанското движење Михајло Апостолски, за учителите во Ново село, за Гоце, за Даме, за Ѓорче, за Петар и за сите останати. Најинтересно беше кога подоцна во осумдесетите години Јордан беше трговски претсавник на Макотекс во Прага и често, неуморно и со гордост на многу чешки пријатели и соработници им раскажуваше каков град е неговиот роден град и колку храбри јунаци дал Штип, но најмногу остануваа збунети кога ќе завршеше гордо прераскажувајќи ги атентатите на ВМРО, на чеси…прилично мирољубива нација која со векови не била во војна, посочи Груевски.

Рече дека за последниот Велигден бил во приватна посета на Штип заедно со своето потесно семејство.

-Mи беше големо задоволство кога на последниот Велигден патувајќи кон Лесновскиот манастир, поминав неколку часа и овде во Штип и особено во Ново село, и на моите деца и сопруга им ја покажав куќата на дедо ми во населбата Ново село, прошетка низ Ново село, се фотографиравме пред и во школото каде бил учител Гоце Делчев, денешен ректорат и другите познати македонски револуционери и идеолози, денеска зграда на ректоратот на Штипскиот универзитет, па во црквата Пресвета Богородица, па музејот на ВМРО во Ново Село, па на ручек во еден ресторант во градот, си ветивме дека пак ќе дојдеме приватно бидејќи во Штип има што да се види, и пријатно е да се престојува, вели Груевски.

 

Според него, човекот ќе се памети онолку колку што оставил зад себе, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период оствариле многу за Македонија, за Штип и штипјани.

-Наш главен приоритет е отворање на нови работни места затоа што тоа е главен приоритет на народот. Во ТИРЗ Штип се отворија „Џонсон Контролс“, инвестиција вредна 20 милиони евра, во која во моментот вработени се над 1.800 лица, „Техникал Текстајлс“ која започна првично со 150 вработени, а вкупниот број на планирани да се вработат е најмалку 1.000 лица, а висината на вкупната инвестиција се проценува на 15 милиони евра и „Кондево“ италијанска компанија во која во наредниот период е предвидено вработување на најмалку 250 невработени лица. Во општина Штип, во 2006 година беа регистрирани околу 12.000 невработени лица, денес со радост и со гордост можам да кажам дека има само 2.000 активни баратели на работа. Тоа е нашиот придонес за овој град и за овие луѓе, потенцира Груевски.

Нагласи дека започната била изградбата на автопатот Скопје – Штип кој е во финална фаза. Автопатот е со шест ленти, во должина од 47 километри, а веќе 80 до 90 отсто е завршен. Тој рече дека од Штип до Скопје ќе се патува за триесетина минути.

-Во Штип реконструиравме над 160 улици во градот и околните населени места. Инвестициите во патната инфраструктура во Штип изнесуваат над 10 милиони евра. Се изгради новиот регионален систем за водоснабдување Злетовица за потребите на граѓаните на општините: Штип, Пробиштип, Свети Николе и сите околни општини како Карбинци, Лозово и другите. Оваа инвестиција е вредна околу 70 милиони евра. Се изгради новата канализациона мрежа во Караорман, во вредност од 400 илјади евра, и населбата ја приклучивме на градскиот водовод, и со тоа над 1.500 жители од оваа населба добија канализација и вода за пиење. Се изгради канализациона мрежа и во населбата Балканска, Македонка и Чардаклија, прашање што претставуваше главен инфраструктурен проблем, истакна Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека во Клиничката болница во Штип биле набавени најсовремени медицински апарати и опрема во вредност од 5 милиони евра. Тој додаде дека почната и во длабока фаза е градбата на нова Клиничка болница во вредност од 30 милиони евра.

-Го отворивме универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со што студирањето стана многу подостапно и поевтино за илјадници млади луѓе од овој регион. Во изминатите десет години се запишани околу 30 илјади студенти на овој универзитет. Штип стана универзитетски град, но и силен економски центар. Реконструиравме и саниравме 9 училишни објекти, за што се инвестирани преку 40 милиони денари! Изградивме над 20 спортски објекти, игралишта и терени во Штип. Извршивме реконструкција на 5 училишни спортски сали и многу, многу други проекти за кои и самиот градоначалник кажа колку многу страници му требало само во делот на неговиот Отчет, а еден од моите партиски соработници ми рече „Отчетот тежеше кило и пол“, потенцира Груевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This