ГРУЕВСКИ ДО ХОЈТ ЈИ: Само нови избори се излез од кризата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји ги соопштил ставовите за најновите случувања во земјата, политичката ситуација и аспектите за излез од неа.

gruevski-hojt-ji

Како што стои во соопштението, од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека Македонија се наоѓа во длабока политичка криза подолг период и многу работи претходеа на ваквата ситуација, а сето ова резултираше со влез на народ во Собранието.

– ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, но во исто време го осудува и политичкото насилство кое го направи СДСМ врз институциите, деловникот, законите и уставот. За ВМРО-ДПМНЕ политичкото насилство врз Уставот, законите и деловникот од страна на СДС предизвика гнев, а дополнителна провокација беше и интонирањето на албанска химна во македонското Собрание. Сето тоа заврши со нелегален обид за избор на претседател на Собранието надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците, надвор од Деловникот за работа, законите и Уставот, стои во соопштението од партијата.

За ВМРО-ДПМНЕ, како што стои, ваквиот преседан отвора лоша можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори ваквата процедура и да стане пракса, што би претставувало суспендирање на правниот систем на државата.

– Во однос на дебатата во Парламентот беа користени сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ за искажување на ставовите и позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и она што го дава Деловникот.

– ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со наметнување на тиранската платформа која има многу спорни и контраверзни делови опасни за понатамошното функционирање на државата. Нејзиното создавање и прифаќање по одржаните декемвриски избори за голем број на граѓани преставува голема изборна измама, било посочено на средбата со Ји.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението, беше посочено дека најдобар и најбрз начин да се излезе од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори.

На средбата со Ји Груевски бил придружуван од Никола Попоски, Никола Тодоров, Трајко Велјановски, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски.

28 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This