Груевски: Законот за јазици е неуставен, нечесен е односот на СДСМ и Заев кон Албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според сите истражувања на јавното мислење најбитната работа за Албанците е економијата, отворањето на нови работни места, зголемување на животниот стандард и зголемувањето на платите и пензиите, ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го истакна вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Македонија вклучувајќи ја и албанската, впрочем во 2008 се донесе законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, но она што ние не се залагаме да се случи е да не се донесе закон кои што ќе биде против уставен и кои што подоцна може да падне на уставниот суд. Имено од она што ние можеме да го видиме во овој период СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта да пред локалните избори понудат закон за албанскиот јазик со кои што се зголемуваат правата на начини на кои што  се спротивни на уставот и тоа што го планираат по локалните избори откако ќе ги измамат и ќе ги поддржат веројатно поголем број на Албанци или ќе го корегираат тоа или ќе го донесат па уставниот суд ќе го поништи, тоа е нечесно и не е фер кон Албанците, тоа е некоректно, потенцираше Груевски.

Тој вели дека засега првата фаза од овој закон предложен од СДСМ и ДУИ е неуставен, тој вели и дека доколку втората фаза е уставна тие како партија ќе го поддржат овој закон за јазиците.

-Ние се противиме да се донесе закон за јазиците кои што е неуставен, ние сакаме се да е согласно со уставот, а во овој дел огромен дел од законот е неуставен и нашите пратеници секој ден го потенцираат тоа во детали и посочуваат што е неуставно, вели Груевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This