ГРУЕВСКИ: За Штип остваривме многу – наш главен приоритет останува отворањето на нови работни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Новата ера за Штип носи инвестиции во инфраструктурата. Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на локалните патишта во Кошево, Почивало, Шашаварлија, населба Три Чешми, Чардаклија, Балканска, Македонка, Железничка, Дузлак, како и на улиците Сутјеска, Крушевска република, Панче Караѓозов и поврзување на булевар ЈНА со булевар Партизанска. Предвидуваме и изградба на обиколницата од бул. „Гоце Делчев“ до бања Кежовица, преку населба Пребег,  со која значително ќе се олесни сообраќајот во центарот на градот, особено комуникацијата помеѓу населбите надвор од градот. Предвидуваме изградба на нова водоводна мрежа за населените места Балканска, Македонка и Чардаклија во општина Штип, која ќе придонесе до секој дом да биде доставена чиста вода за пиење. Предвидуваме и изградба на главна водоводна линија во должина од 4.600 метри со 2 резервоари Мерите и Пребег за да се обезбеди доволна количина на вода за пиење на Технолошката развојна зона и за поврзување на постоечката дистрибутивна мрежа на индустрискиот дел, рече Груевски.

Тој им порача на големиот број штипјани дека и во наредниот период ќе продолжи со уредување, изградба и дека ќе се реконструираат тротоарите во населбите Сењак, Дузлак, Ново Село, 8-ми Ноември и ќе биде завршено уредувањето на тротоарот од Штип до село Стар Караорман.

-Ветуваме уредување и на коритото на реката Брегалница од потегот кај бања Кежовица до Чардаклија, со урбани содржини како  игралиште, трим-патека и друго. Во општина Штип продолжуваме и со обновување на фасадите на објектите во централното градско подрачје. Продолжуваме со модернизација на инфраструктурните услови во образованието. Ќе извршиме санација на средното училиште „Коле Нехтенин“ и на основното  училиште „Тошо Арсов“, како и доградба на општинското основно училиште „Славејко Арсов“. Предвидуваме и гасификација со градба на секундарната мрежа бидејќи веќе ја донесовме гасификацијата во Штип. Со ова дополнително ќе се олесни работата на индустриските капацитети, на компаниите, и директно ќе се придонесе за подобрување на продуктивноста поради поевтиниот енергенс. Предвидуваме и изградба на затворен пливачки базен, со поддршка на општина Штип и централната власт. Со изградбата на покриен базен на граѓаните и на спортските клубови ќе им се овозможи да се рекреираат и да спортуваат во текот на целата година, вети Груевски.

Тој најави дека во Штип ќе се изгради нова детска градинка во населбата Сењак со која ќе се избегне проблемот со недостаток на капацитет на постоечката градинка да ги прими сите деца.

-Во новата програма се предвидува реконструкција и конзервација на куќи со староградска  архитектура во штипско Ново Село, како и на булеварот Гоце Делчев. Старите куќи во Ново Село и низ Штип имаат историско значење не само за Штип, туку и за Република Македонија и многу, многу други проекти. Гаранција дека ова ќе се исполни е сегашниот и иден градоначалник Илчо Захариев, неуморлив работник, полн со енергија и со голема љубов за Штип. Направи доста, исполни многу повеќе од тоа што го вети претходно, отворен да помогне секому во секое време. А вие тоа добро го знаете. Секоја прилика ја користи да зборува и да се бори за Штип. Таков градоначалник му треба на Штип. Заедно со советниците од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Иван Јорданов, каде имаме спој од младост, енергија и искуство ќе биде победничкиот тим во Штип кој ќе реализира многу нови проекти и ќе реализира решенија за подобар живот, порача Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This