ГРУЕВСКИ ЗБОРУВАШЕ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ: Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија со инвестиции донесе конкретни резултати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата која што ја предводев од 2006 до 2016 беше фокусирана на ЕУ-интеграциите. Во овој период добивме неколку позитивни препораки за отворање на преговорите од страна на Европската комисија, но за жал поради билатералниот проблем со Грција, процесот не започна.

Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е во оставка, на „Академија за млади лидери – дијалог за градење силно општество“ во организација на подмаладокот на партијата – Унијата на млади сили.

– Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија низ привлекување странски директни инвестиции, скратување на административните процедури, стимулирајќи го внатрешниот раст и бенефициите за младите претприемачи, донесоа конкретни резултати, рече Груевски.

Според него, способноста на политичките лидери да прават добро е неограничена, особено за прашања што се важни за граѓаните.

– Вредностите на нашата десноориентирана идеологија треба да се прилагодат на потребите на современото глобално општество. Тоа значи да се работи заедно, да се споделуваат идеи и да се креираат политики за посилна и инклузивна Европа, порача Груевски.

На академијата што се одржува од 14-17 декември во Скопје, учествуваат над 50 млади политичари од Европа, кои се членови на ЕДС, подмладокот на Европската народна партија (ЕПП).

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This