ГРУЕВСКИ НА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ: ВМРО била и ќе биде заштитник на државните и национални интереси на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре е 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирано МРО подоцна преименувана во ВМРО. Гледам дека актуелната власт бега од овој празник, бега од негово славење, од давање на наградите кои секоја година се даваат, размислуваат да го укинат празникот. Од што се срамат и плашат? ВМРО била и ќе биде заштитник на државните и национални интереси на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на средбата со жителите на скопско Стајковци.

-СДСМ немаат програма. Ние покажавме како се работи со програма, да се осмисли, да се дебатира, да се прашаат луѓето, да се издвојат најважните приоритети согласно можностите и на крајот да се реализира тоа што ќе се вети, но и многу повеќе од тоа кога ќе дојдат тешки времиња, како тука со Стајковци. Помогнавме колку што можевме, тоа се гледа и ќе продолжи да се гледа со активностите кои се планираат за во иднина. Она што е карактеристично за СДСМ е дека немаат програма и затоа на избори избори зборуваат за воздух, за ветер и магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа и удрија на криминални измами, вели Груевски.

Тој посочува дека во првиот круг од изборите се видело како СДСМ организира избори.

-Страв и притисоци на сите страни, поткупи како никогаш во Република Македонија. Заплашувања, уцени да не излегуваат на гласање, да се пасивизираат. Тоа е начин како СДСМ организира избори. Пукнат череп на градоначалник, убиен кандидат за советник, следени кандидати за градоначалници, слики на партиски активисти во натпревар чив пиштол подобро пука, а полицијата молчи затоа што е соучесник, затоа што додека го правеа поткупот тие чуваа стража пред куќите каде се прави поткуп. Секој ден со име и презиме дознаваме како потплаќаат гласови. Нема да не скршат, нема да го скршат ВМРО и овој народ бидејќи народот гледа што се случува и ќе им се врати како бумеранг и ќе има одговорност еден ден за сето ова. Крајната цел на сето ова е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој се грижи за својата држава, го сака својот јазик, земја, идентитет и преку разни механизми да се делува сакањето на државата да е демоде, а модерно да станат геј браковите, легализација на марихуаната и други дроги, вели Груевски.

 

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This