ГРУЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОБСЕ: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев остварија средба со високи преставници на делегацијата од ОБСЕ.

gruevski-sredba1-640x373

На средбата беа презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кој се соочува државата. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше осудено непочитувањето на Уставот, законите и деловникот на Собранието од страна на СДС и нивните коалициони партнери. Беше истакнато дека преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери, надвор од сите пропишани процедури води кон други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Таквото затруено дрво ќе роди затруени плодови, и уште поголема нестабилност и продлабочување на политичката криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, беше истакното дека потребно е гласање за Претседател на Собрание целосно почитувајќи ги процедурите пропишани со законските и уставни норми. -Нивното прекршување ќе повлекува кривична одговорност за сторителите на незаконскиот акт.

ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните и Република Македонија.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This