March 29, 2024, 10:20 am

ГРУЕВСКИ ПРЕДУПРЕДИ НА ВАКВО ЦРНО СЦЕНАРИО: Следува постепено зголемување на даноците и слабеење на стандардот на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се остваруваат предупредувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека политиките на СДСМ ќе нанесат повеќекратни штети врз економијата.

Груевски уште во јули годинава предупредуваше дека зголемувањето на даноците кое го најави Владата на Зоран Заев ќе нанесе огромни штети врз економијата и државата, а нивниот терет ќе го почувствуваат граѓаните.

-Тие во својата програма имаат најавено зголемување на персоналниот данок на доход, но и од медиумите и од некои други извори иформиран сум дека планираат зголемување и на данокот на добивка и на придонесите и дека тоа планираат да го прават постепено, не оддеднаш. Значи за да не ги шокираат граѓаните оддеднаш со поголемо зголемување на повеќе даноци, планираат постепено, за луѓето помалку да имаат можност тоа да го почуствуваат. Тоа ќе биде многу лошо прво за компаниите, за инвеститорите, затоа што ќе си влоши условите за работа, ќе ги зголеми нивните трошоци и ќе ги присили да ги намалат инвестициите, штом ги намалат инвестициите практично ќе дојде и до намалување на нови работни места, изјави Груевски.

СДСМ со години ја обвинуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ со една популистичка реченица дека „Буџетот се зголемува секоја година“. Но, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, Буџетот се зголемуваше без да се зголемат даноците, напротив, тие дури и се намалуваа.

Ефектот на зголемување на буџетот доаѓаше од зголемувањето на економијата.  Сега, кога СДСМ е на власт, даноците се зголемуваат.

Зголемувањето на цената на дизелот ќе има директен ефект на зголемување на трошоците на индустријата. Тоа ќе значи и намалување на нејзината меѓународна конкурентност. Едноставно кажано, произведениот производ ќе биде поскап. И на ова предупредуваше Груевски летоска.

Тој кажа дека зголемувањето на даноците ќе ја намали и конкурентноста на компаниите, затоа што ќе се зголемат трошоците, каде што влегуваат и даноците. Со што според зборовите на Груевски тие ќе станат помалку конкурентни како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Тој рече дека има и други причини поради кои тоа ќе направи многу штети.

-Зголемувањето на даноците не мора да значи дека ќе има повеќе приливи во буџетот, тоа многу често ја зголемува и сивата економија, а сивата економија може да значи и намалени приходи во буџетот, така што ако имаат планови дека со тоа сигурно ќе им се зголемат приходите, тоа е нестабилна, трула даска, не мора да значи дека така ќе биде, изјави Груевски.

Најновата одлука која ќе ја зголеми цената на дизелот, ќе влијае и на буџетот на сите домаќинства. 25 милиони евра годишно повеќе пари на граѓаните и компаниите по основ на поскапен дизел ќе оди во касата на државата.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, најави дека даночната реформа за прогресивно оданочување на персоналниот данок на доход ќе започне од јануари 2019та година. Како што велат од Министерството во процес е подготовка на законите и поради комплексноста од воведување на реформата истата не би можела да се имплементира од јануари следната година.

-Прогресивниот данок да не го воведуваме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година – рече Тевдовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This