ГРУЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА ПРАЗНИКОТ: Антидржавните и антинационалните политики мораме да ги оставиме позади нас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, да ви го честитам, 8 Септември – денот на независноста на Република Македонија. Денот на кој пред 26 години, ние граѓаните, одлучивме Република Македонија да биде независна држава, остварувајќи го со тоа сонот на илјадници македонци и граѓани на Македонија, кои своите животи ги дадоа за градење на сопствена држава, напиша во честитката, Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 8-ми Септември – Денот на Независноста на Република Македонија.

 

-Како држава издржавме бројни искушенија и поминавме многу премрежја. 26 години подоцна како народ и како држава повторно минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост, храброст и одлучност во носењето на одлуките и делувањето. Повторно минуваме низ период во кој се отвараат прашања што длабоко задираат во нашиот идентитет и немаме веќе ни малку простор и комоција да дозволиме непромислени одлуки чии последици би ги чувстувале долго во иднина. Антидржавните и антинационалните политики мора да ги оставиме зад нас. Тргување со највисоките државни и национални интереси не смее да се дозволи. Убеден сум дека единствени и сплотени, со јасно зацртана визија и цел, ќе успееме Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење за сите нејзини граѓани, држава каква што сакаме да им оставиме на нашите деца, стои во честитката и се додава:


„Доколку пред 26 години сонот на тогашните генерации била независна Македонија, сонот на нашата генерација е економски стабилна и просперитетна држава, единствена, меѓународно признаена и почитувана. Овие цели заедно со добро трасираниот пат кон ЕУ и НАТО се насоките кон кои се стремиме и за кои секојдневно треба да работиме. Секој од нас има сон и идеи за својата иднина, но најважно од се е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста, големиот државен празник 8-ми Септември!“.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This