- Advertisement -
Дали терминот Македонија треба да стои во името на нашата земја се анкетираат граѓани на грчкиот портал „Њузбомб“.
Под наслов – дали се согласувате со било каква употреба на терминот Македонија во името на Скопје, граѓаните на страната на порталот можат да го дадат своето мислење. Од досегашната анкета- само 5,16 % се согласуваат, а 94,4 % не се согласуваат да стои терминот Македонија во нашето име, додека 0,44% не знаат. Анкетата сеуште трае.