March 29, 2024, 12:26 pm

ДАЛИ Е МОЖНО: Стојанче Стоилов го напушта Вардар за Кјелце?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изгледаше дека листата на „мигранти“ од машкиот клуб на Вардар заврши со Македа и Кањелјас, арно ама не било така. Најновата информација вели дека си оди и капитенот Стојанче Стоилов, уште ова лето, јавува Спорт1.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, имал понуди од двата полски гиганта, но следната негова дестинација, неофицијално, ќе биде клубот кој владеше со Европа пред Вардар, полскиот гигант Кјелце. Тимот на Талант Душебаев го има еден од топ-3 пивоти во светот, Хулен Агинагалде, меѓутоа малку е „тенок“ со поддршката за него.

За овој трансфер веќе неофицијално се пишувало и во Полска. Пивотот на Вардар, наводно, имал понуди и од Висла, која за следната сезона го обезбеди и Ренато Сулиќ.

Ако се оствари и овој трнасфер, Стоилов ќе биде осмиот вардарец кој ќе го напушти тимот по завршувањето на оваа сезона по Циндриќ, Штербик, Македа, Кањелјас, Марсениќ, Абутовиќ и тренерот Раул. Пивотот дојде во Вардар во 2011 година, на свои 24 години, од редовите на Одорхеи, откако претходно пет сезони играше во Металург.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This