April 19, 2024, 10:06 am

ДАРКО ЛЕШОСКИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА: Фејсбук поетот ја напушта функцијата претседател на УО на Струшките вечери на поезијата по силните критики!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук поетот Дарко Лешоски се откажува од функцијата претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, пренесува македонската редакција на „Дојче Веле“

 

По силните и аргументирани критики, кои поискусните поети и лауреати на Македонската книжевност ја упатија до Лешоски по неговото назначување за претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, ФБ поетот Дарко Лешоски се откажува од функцијата.

„Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата. Нека биде ова почеток на една поинаква демократска практика.“ – изјавил Лешоски за Дојче Веле.

Дарко Лешоски беше назначен на функцијата без никаква консултација со стручната јавност, а голем дел од етаблираните писатели и поети ја критикуваа оваа одлука на Владата поради несериозноста на Лешоски и неговата недораснатост.

Освен ова, Лешоски се обиде на патетичен начин да ја прикаже неговата емоционална поврзаност со СВП преку расказ за неговото прво искуство со „фамозниот мост“ на кој се одржуваат Струшките вечери, измислувајќи настан на кој го видел светски познатиот писател Бродски, кој за волја на вистината никогаш не бил во Струга.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This