ДАЧИЌ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА АЛБАНЦИТЕ: Ако САД, ЕУ и Велика Британија не реагираат навреме, последиците на Балканот ќе бидат многу големи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вели дека ЕУ, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на изјавите на албанските политичари

dacic1-640x360

Тој мисли на изјавите за обединување на Албанија, Косово, три општини на југот на Србија, но и делови од Македонија.

Реагирајќи на ставовите на претседателот на општина Бујановац, Јонуз Муслиу дека унија на Албанија и Косово е „бесмилена без Прешевската долина, Медвеѓе, Бујановац и Прешево“, Дачиќ вели дека албанските политичари стануваат „главна закана за мирот и стабилноста на Балканот и во Европа“.

„Координираните изјави на Рама, Тачи и Муслиу покажуваат дека Голема Албанија е цел на секој Албанец. Денес, Муслиу на тоа го придодаде и Ниш, утре и Скопје, Улцин, Епир. Ќе проговорат ли конечно ЕУ, САД, Велика Британија? Ако тоа не го направат овој пат, кога голема Албанија стигна до Ниш, ќе бидат директно одговорни за последиците“, рекол Дачиќ.

Тој додава дека Албанците „би требало добро да ги одмеруваат своите зборови, бидејќи на меѓународната сцена веќе ги нема нивните заштитници кои ја бомбардираа Србија за да го одземат Косово“.
„Тоа веќе никогаш нема да се повтори. Србија никого не провоцира, но од никој не се плаши. За среќа, сето ова е само сон. Но искуството нас не учи колку е краток патот од сон до кошмар“, наведува министерот.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не може да се исклучи унија на Албанија и Косово, ако нема шанси за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Со овие идеи во Македонија излегоа и градоначаликот на Струга Зијадин Села, Артан Груби, како и раководството на БЕСА, кои територијалните претензии кон Македонија, Србија и Грција ги вметнаа во т.н. Тиранска платформа во делот за „интегрирано управување на границите помеѓу Албанија, Косово и Македонија“ што практично значи бришење на граничните процедури помеѓу земјите.

Овој договор го прифати Зоран Заев и СДСМ.

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This