April 17, 2024, 12:23 am

ДАШТЕВСКИ: Граѓаните добро знаат која е позадината и што се случуваше во изминатите 3 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните ги прочитаа мотивите на центрите на СОРОС и неговите блиски луѓе. Сите сценарија им се добро познати, тие  веќе на памет научија која е позадината и што се случуваше во последните 3 години, оценува политичкиот аналитичар Доц. д-р Александар Даштевски.

dashtevski-4-640x360

„На почетокот Македонија не можеше да се спротивстави многу силно и оттука беа донесени и некои несреќни решенија, како што беа СЈО и некои елементи од Пржинскиот договор кои се политичко решение, а не правно, зашто знаеме дека формирањето на таков орган е спротивно на Уставот на Република Македонија. Сценариото започна со тоа дека изборите во 2014 година се фалсификувани, односно имало 500.000 фантомски гласачи, за да се дестабилизира државата и да се детонизира Власт која победи со убедлива победа. Си игравме со тие бројки – 500.000 фантоми, потоа 600.000 иселеници, потоа Мерцедесот кој е државна, а не приватна сопственост и во кој пред некој ден се возеше Доналд Туск. Веќе никој не ги споменува тие работи бидејќи ја завршија улогата што требаше да ја завршат“, потсетува Даштесвки.

Додава дека токму овие причини доведоа до убедувањата дека  се неопходни предвремени избори, но истите наместо да ја подобрат, ја влошија ситуацијата во Македонија.

„Во прво време ситуацијата ја влоши тој предизборен инжинеринг направен од истите центри. Потоа следуваше обид да се сменат резултатите на маса, наместо по волја на граѓаните, што е постизборен инжинеринг. ВМРО-ДПМНЕ стоечки ги поднесе сите удари, а главната цел беше да се срушат владејачките позиции на победничката партија, за да се донесе на нивно место една марионетска влада што ќе се раководи од центрите кои го сакаат тоа. Откако не успеаја да го променат резултатот, се премина кон нов план за формирање на Влада и обид да се протне Тиранската платформа“, смета Даштевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This