April 19, 2024, 11:25 am

ДАЈ БОЖЕ ДА ГО ПОЧНАТ И ПРВИОТ КИЛОМЕТАР, ОД 500 КОИ ГИ ВЕТИЈА: Груевски од Прилеп ги повика СДС да започнат со изградба на автопатите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски продолжува со теренските посети на места ширум државата. Тој денеска беше во посета на Прилеп, каде на новинарско прашање за најавата на Владата дека ќе го изгради патот Градско-Дреново, кажа „дај боже да се изгради патот, па макар и со китење со туѓи перја“.

-Овој пат има три фази, првата фаза веќе се гради од поодамна, за втората фаза тендерот со објави во септември минатата година, а народот знае тендер кога се објавува, се објавува со претходно обезбени финансиски средства и со согласност на банката дека може да се објави тендерот. Таа не само што ги обезбедува финансиските средства, не само што кажува како треба да изгледа тендерот, туку дозволува кога тој да биде објавен, изјави Груевски.

Тој напомена дека во септември кога бил објавен, тоа било со дозвола на банката која ги обезбедува тие средства, што значи дека средствата веќе биле обезбедени.

-Сега еве слушнав дека новиот министер кажал дека тој ги обезбедил средствата, не знам како ги обезбедил пред една година кога не беше министер, но сигурно сега не ги обезбедил, затоа што веќе се обезбедени пред објавата на тендерот во септември кога тој не беше министер, се уште беше претходната влада. Но, како и да е, не е важно кој ги обезбедил, важно е да се заврши патот на задоволство на граѓаните, а народот ќе си цени кој колку допринел во изградбата на овие патишта. Дај боже да се почне барем првиот километар, од 500 километри што СДСМ ги вети како автопат, кои ќе се изградат во нивниот мандат, сега за сега немаме ниту еден километар автопат, од вкупно 500 кои тие ги ветија на граѓаните, изјави Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This