March 29, 2024, 12:01 pm

ДА КИВНЕА ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ, ЌЕ ПАДНЕА ОД ВЛАСТ: Со тенко мнозинство, Заев ја задржа власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со 62 гласа против, 40 за и 2 воздржани пратеници, Собранието не изгласа недоверба на владата предводена од Зоран Заев

 

© Fotolia/ Ognen Teofilovski

Седницата траеше речиси 12 часа, а започна утринава во 11.30 часот.

На говорницата збор земаа сите опозициски пратеници, вклучително и опозициските партии на Албанците, онаа на Зијадин Села и движењето БЕСА .

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа пратениците од владеачкото мнозинство да ги стават државните пред партиските интереси, и да не служат како машина за гласање, туку пред се да ги стават фактите над партиските наредби.

Пратениците од мнозинството пак, тврдеа дека владата била добра, иако досега биле спроведени само 0.3% од ветените проекти, како што критикуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Стевананџија.

Беа истакнати низа на пропаднати политики, промашени ветувања и лажни демагогии.

На крајот се обрати екс-премиерот Никола Груевски кој одржа подолг говор во кој уште еднаш ги повтори успесите на владата предводена од него, критикувајќи ја оваа влада дека за 10 месеци успеала да го неутрализира растот на БДП, да направи безбедносен хаос, несигурност кај граѓаните и да ги девалвира институциите.

Пред гласањето се обрати и Зоран Заев, кој во повеќе митингашки стил ги убедуваше пратениците дека владата работи добро.

 

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This