ДА НЕ СЕ МАЛКУ, БЕ?: Неверојатни 856 милиони евра задолжувања за оваа година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ го донесе историски највисокиот буџет што го имала до сега Република Македонија од 3,44 милијарди евра. Во новиот буџет предвидено е да се позајмат речиси 856 милиони евра.

Владата на СДСМ на шверцерски начин во екот на новогодишните празници во Службен весник на Република Македонија на 03.01.2018 ја објави одлуката за ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на 500.000.000 евра.

Оваа обврзница, како што пишува во објавената одлука, ќе биде наменета за покривање на буџетскиот дефицит и за враќање на стари долгови.

Буџетскиот дефицит оваа година изнесува 2,8 отсто од домашниот бруто-производ и сето тоа ќе мора да се покрива со нови задолжувања кои идните генерации ќе треба да ги враќаат со камати. Владата дури и има ангажирано четири банки се со цел да го подготват задолжувањето.

СДСМ го донесе историски највисокиот буџет што го имала до сега Република Македонија од 3,44 милијарди евра. Во новиот буџет предвидено е да се позајмат речиси 856 милиони евра.

Згора на тоа јавниот долг на Република Македонија изнесува 4,7 милијарди евра, но со последното задолжување ќе ја пробие дури и црвената линија од 50% и ќе достигне 52,4 % од БДП.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This