ДВЕ ИМИЊА КАКО ПРЕДЛОГ: Грчките медиуми објавија две можни имиња кои Коѕијас ќе му ги понуди на Димитров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката Влада веќе ги има своите предлози што во Скопје ќе ги донесе министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас и за кои е подготвен да ги дискутира за време на посетата на Скопје на 22 март.

Горна Македонија, но и Нова Македонија напишани на словенски јазик се во игра од петте предлози во пакетот на Атина. Ова го пишуваат грчките медиуми кои се повикуваат на американски извори цитирани од Хелас Џурнал, а како што се наведува во насловите, се преферира Горна Македонија, што би било прифатливо за грчката Влада. Главната цел пишуваат тамошните медиуми е да се забрза процесот, кој би се завршил до јуни. Грчкото министерство за надворешни работи не ги коментира ваквите информации, пренесуваат медиумите, без да се прецизира и дали пакетот грчки предлози е испратен до Скопје.

За промената на Уставот, медиумите во Грција пишуваат дека премиерот, Зоран Заев го нема потребното мнозинство, но и дека Законот за јазици влијае на преговорите за името.

извор:фактор.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This