ДЕБАКЛ НА СДС ВО НЕГОТИНО: СДС доживеа уште едно фијаско на митинзите – плоштадот во Неготино празен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните низ цела Македонија во огромна мера негативно ги оценија политиките на владата во изминатите четири месеци. Токму ова го покажува и фактот што СДСМ има очајни бројќи на подржувачи на митинзите ширум Македонија.

Последен во низата дебалки на митинзите на СДСМ е оној во Неготино, каде едвај двеста граѓани се собраа да го подржат кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ. Стравот од изборните резултати поради малиот број на симпатизери кој СДСМ го има на своите митинзи се прикажува и преку големиот број на притисоци кои централната власт ги прави врз граѓаните. Огромно фијаско за СДСМ е да од позиција на власт едвај соберат 200 граѓани на својот митинг во еден од поголемите градови во Македонија.

Разните кривични пријави за противничките кандидати за градоначалници, како и говори каде Заев сеуште се заканува со апсење на своите политички неистомисленици го покажува стравот на СДСМ од изборен пораз на локалните избори. СДСМ истотака ги активира и криминалните структури за подобрување на својот предизборен резултат. Од затвор беа ослободени криминалци како Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу се со цел добивање на подршка за престојните локални избори од криминалните структури во државата.

Незадоволството на граѓаните од владата расте од ден во ден расте. Граѓаните се незадоволни од договорот со Бугарија, воведувањето на двојазичноста на целата територија, најавите за затворање на повеќе фабрики кои ќе резултираат со бркање од работа на повеќе од 4000 илјади луѓе меѓу кои и Фени Индустри, трошењето на 400 милиони евра за партиски вработувања и луксузирање. Според сите анкети СДСМ ги очекува катастрофален пораз на локалните избори на 15 октомври, со што постои и можност за растурање на веќе крефката наметната коалиција која ја сочинува владата и можност за предвремени парламентарни избори.

 

Но, дури и со автобусите од Струмица и Демир Капија, мал број на симпатизери беа дел од партискиот митинг.

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва им се обрати на мал број на граѓани, бидејќи речиси никој не сакаше да го чуе неговиот говор и неговите ветувања. Само членството кое самите си го донесоа со автобуси и комбиња беше сведок дека Заев се уште ветува субвенции за земјоделците иако во пракса тој истите им ги крати, односно им ги условува.

 

 

За тоа колкав дебакл доживеа вечерва СДСМ, најдобар доказ се фотографиите од митингот во Неготино на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

 

 

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This