ДЕНЕС ПОВТОРНО ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО: Ципрас јасен, бара промени во Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, според грчкиот премиер.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Алексис Ципрас, на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА вчера,освен за економијата и скандалот Новартис, говореше и за прашањето за името. Рече дека грчката влада има преземено одговорност за да се затвори проблемот „со достоинство и патриотска одговорност“ и ја повтори позицијата на Атина и барањата на грчката страна во разговорите.

– Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба. Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата, рече Ципрас, пренесува МИА.

Грчкиот премиер се осврна и на протестот во Атина, коментирајќи дека владата не ги игнорира демонстрантите и индиректно упати порака до сите оние што бараа „да не се даде името Македонија“

– Би сакал да се запрашам, која беше пораката на овој протест? Порака за грчкиот карактер на историјата на Македонија и на Александар Велики и неговото наследство? Ако е оваа пораката, тогаш мислам дека тропаат на отворени врати. Пораката е да не бараме решение на проблемот што е отворен од 1992? Ако е оваа пораката, тогаш е погрешна и е на сметка на националните интереси. Или можеби пораката е, како што рекоа многу од говорниците, не го давајте името Македонија? Ако е ова барањето, не треба да судиме дали е погрешно или правилно, затоа што пред да судиме дали е погрешно или правилно, треба да ја кажеме вистината, дека ова е надвор од рамките на реалноста. Бидејќи ниту оваа влада ниту било која друга од 1992 па натаму не се соочи со таква дилема дали да го даде името, многу едноставно бидејќи името Македонија, Грција, добро или лошо, го има прифатено уште пред многу години, рече Ципрас.

Денеска Димитров, Коѕијас и Нимиц имаат средба на оваа тема.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This