ДЕНОВИ НА РУСКАТА КУЛТУРА: Од 25 до 26 октомври во Скопје и Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 25 до 26 октомври во Скопје и Струмица ќе се одржат Денови на руската култура во Република Македонија. Настанот се организира врз основа на Протоколот меѓу Министерството за култура на Руската Федерација и Министерството за култура на Република Македонија за организирање меѓусебни денови на култура на двете земји во 2017-2018 година.

Свеченото отворање на Деновите на руската култура ќе се одржи на 25 октомври во Македонскиот народен театар со презентација на изложбата „Добата на Григорович“ посветена на историјата на рускиот балет. Во церемонијата ќе земат учество министерот за култура на Република Македонија Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак

Потоа, во 19 часот следува настапот на Рускиот државни академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

На  26 октомври во концертната сала на Македонската филхармонија ќе се одржи заеднички концерт (19 часот) на солистите од Русија (Олга Артјугина, Василиса Бержанскаја, Рустем Хамидулин) со оркестарот составен од членови на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет (диригент – Бисера Чадловска)

На 26 октомври во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе настапи (19 часот)  Рускиот државен академски народен хор „Митрофан Пјатницки“.

Влезот на сите настани е бесплатен.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This