March 29, 2024, 11:47 am

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НЕ ЗНАЧИ И СЛАВЕЊЕ: Ем за независност, ем за југословенски сојуз договорено на собраниска пауза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбележувањето на Денот на независноста на државата Македонија во реалноста не значи и славење
mirka-nezavisnost

Оти сме заглибени до гуша во искреирана политичка и институционална криза по пучот што го изведоа домашните контрактори или благонадежни квислинзи од главната опозициска сила, именувана како СДСМ, во координација со нарачателот на проектот ,,Волшебникот од Оз“ именуван како ,,Чадор“. И затоа што и по четврт век декларирана независна и суверена позиција на државата оверена со народен печат (во проценти 75 отстотна излезеност и 90-отстотен позитивен одговор на референдумското прашање) има и такви што мислат дека независен и суверен се станува преку странска интервенција и диктат.

На овој ден на независноста со добра временска дистанца можеме веќе и да фрламе и по некој поизострен поглед на настаните што му претходеа на нашиот ден ,,Д“. На пример, нам ни падна во очи еден детаљ што се повторува, што значи станува дел од официјалната нарација на легендата за тоа како и од кого е стокмено референдумското прашање ,,едно тело со две глави“. Гусларот што најчесто го прераскажува е Никола Поповски. Бидејќи живите сведоци на настанот, без чувство за историски важни детали, не го исправаат, песната си тече во оваа верзија. Поповски и Зоран Kрстевски го смислиле референдумското прашање: ,,Дали сте за тоа Македонија да биде независна и суверена држава со право да стапи во сојуз на југословенски држави“. Фактите, сепак, го оспоруваат ова декларирано авторско право. Малата, но суштинска исправка е нужна за да се избегне познатата пракса на одредени општественици и самопрогласени ,,државотворци“ да се лакира, пребојува и шмиргла вистината (историјата) која е во судир со нивната перцепција за нивните дела и последиците од нив.

Пишува: Мирка Велиновска
Поопширно во печатеното или во електронското издание на Дневник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This