ДЕПОНИЈА ВО СРЕДЕ ЦЕНТАР: Шилегов и Богдановиќ не ветија ваков „проект“, но целосно е реализиран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не беше дел од предизборните програми на градоначалниците на СДСМ, Петре Шилегов за Скопје и Саша Богдановиќ за Центар. Но иако не го ветија, го реализираа, па среде Центар никна депонија.

Спроти Геолошкиот завод, ова место е предвидено за парк и зеленило. Наместо тоа, станаа невообичаена и грда комбинација на депонија и див паркинг.

Во центарот на Скопје, Богдановиќ пред себе гледа депонија, но очигледно не му пречи граѓаните од околината да живеат покрај ваков извор на зарази.

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, имаше план за средување на ова место како парк за граѓаните, но тогашниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, рече дека тоа е под негова надлежност на општината и дека тој ќе го средел.

Жерновски не направи ништо, а и неговиот наследник Богдановиќ не мрдна со прст. Ниту градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов не ја превзема работата во свои раце.

Додека функционерите од СДСМ седат во Влада и во општинските фотелји, депонијата се шири, а во неа почнаа да се населуваат и бездомници.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This