ДЕРАТИЗАЦИЈА, ЧИСТЕЊЕ ПОДРУМИ И ЛАЖЕЊЕ: Пациенти умираат поради „вторникот“ на Рашковски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен чистење и дератизација на подрумски простории и автомобили, но и блокирање на критички медиуми, Драги Рашковски наоѓа и време секој вторник да ја лаже јавноста но и пациентите со терминални болести, дека во вторник ќе ги формира комисиите кои треба да ги испраќаат на лекување во странство

 

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски најави дека до вторник ќе бидат избрани нови управни одбори секаде, па така и во Фондот за здравствено осигурување, но не кажа кој вторник. Тој очигледно не е свесен дека човечкиот живот нема цена и кога се работи за лекарски интервенции, тие не можат да чекаат.Чекањето на лекување, често пати се плаќа со живот. За Рашковски непотребно се правело драма околу изборот на УО во ФЗОМ.

-До вторник ќе бидат назначени нови управни одбори, така ќе биде и во Фондот за здравство. Нека не драматизираат, ова е нормална процедура така што за неколку дена нема да се смени ништо – изјави Рашковски, а пациените прашуваат дали навистина е драматизирање неможноста да се одлучува во врска со лекувањето, посебно на пациентите кои се во тешка состојба.

Вторникот помина. Рокот кој самиот Рашковски го зададе беше на 18-ти месецов, а наскоро ќе помине и вториот вторник, а од формирање на комисиите нема ниту најава или инцијатива.
Додека Рашковски се занимава со чистење и дератизација на владината гаража и Мерцедесот, но и цензурирање на медиумите, пациентите умираат, а генералниот секретар на владата задолжен да ги формира овие комисии смета дека болеста на оние кои бараат помош од државата е „непотребно драматизирање“.
До кој вторник, Рашковски?

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This