ДЕТАЛИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА: Детето кое беше прегазено во Ѓорче Петров во стабилна состојба со потрес на мозокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Детето што вечерва беше повредено во сообраќајка на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаревски.

Според Чапаревски, детето ќе биде задржано на опсервација.

Незгодата се случи откако возило „опел астра“ удри во детето, а набрзо потоа жителите од „Борис Сарафов“ го блокираа сообраќајот во знак на револт поради брзото возење и непочитувањето на сообраќајните знаци. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This