ДЕТАЛИ ЗА ПУКОТНИЦАТА ВО СТРУМИЦА: Полицаецот пукал во 17 и 16 годишно момче откако го нападнале по брканица со автомобили!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска околу 12.40 часот по претходна пријава за обид за кражба во близина на браната Мантово , полициски службеници од СВР Струмица се обиделе да го запрат возилото Опел Фронтера (со словенечки рег.таб.) управувано од 17 годишно момче, информираат наши извори од истрагата.

 

Во возилото, според неофицијални извори, биле и четири малолетни момчиња. Според она што го дознаваме неофицијално, малолетниот возач ја игнорирал наредбата на полициските службеници и наместо да го запре возилото ја зголемил брзината и побегнал по локалениот земјен пат во правец на градската капела во Струмица.

Спорен наши извори од истрагата, по него се упатиле две полициски возила и малолетникот бил принуден да го запре возилото на излезот од Струмица.

Тогаш полициски службеник се упатил кон возилото и, според неговото кажување, кога се приближил до возилото бил нападнат од возачот, по што испукал еден куршум од службеното оружје.

Од куршумот биле повредени малолетниот 17 годишен возач и уште едно 16 годишно момче, кои веднаш биле пренесени во Медицински центар-Струмица, каде од страна на лекар се констатирани повреди од огнено оружје.

Поради тежината на повредите, 17 годишното момче е пренесен во Клинички центар во Скопје.

Според нашите неофицијални информации, лице место излегол Јавен обвинител, а во расчистувањето на случајот е вклучена и Внатрешната контрола на МВР која ја испитува постапката на полициксите службеници.

Се преземаат потребните мерки за целосно расчистување на случајот. На лице место се и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од Скопје, велат неофицијалните наши извори од истрагата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This