March 28, 2024, 11:43 pm

ДЕТАЛИ ОД ЗАКАНУВАЧКИТЕ ПИСМА ДО КОЅИЈАС: Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија – пишувало според грчките телевизии Стар, ЕРТ и Скај во дописот со закани испратен до шефот на грчката дипломатија. Според истите извори, било откриено и второ писмо, кое освен до Никос Коѕијас, било адресирано и до уште тројца министри во грчката влада.

– Имаме 3 куршуми спремни за тебе и за твоето семејство. По еден за секоја Македонија, пишувало, меѓу другото, во првиот допис, според грчките телевизии, рачно напишано без потпис.

Второто писмо се однесувало на пратениците, а било наменето и за министерот за одбрана Панос Каменос, министерот за правда Ставрос Кондонис и министерот за образование Костас Гавроглу.

– Триста пратеници во парламентот се предавници. Да влезат војската и полицијата во парламентот, напишал анонимниот испраќач.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This