ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА Е ШТЕТЕН: Многу работи од договорот со Бугарија се контрадикторни и спротивни на интересите на македонскиот народ и држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што треба да го знаат граѓаните за договорот со Бугарија е тоа што прво содржината е различна, второ едно е декларација, а друго е документ кој што врзува и е ратификуван од Владите на двете држави, а подоцна треба да биде ратификувано и од Собранијата на двете држави, односно бугарското веќе тоа си го заврши, изјави во своето гостување на телевизија 24 вести, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

-Има многу работи во тој договор кој што сега треба да биде ратификуван од македонското Собрание за нас се контрадикторни и спротивни на интересите на Република Македонија и на македонскиот народ. Ние не велиме дека сме против Бугарија како држава, ниту пак против бугарскиот народ, напротив ние сме две соседни држави и треба да градиме добрососетски и пријателски односи, но на принципиелни основи без двојни стандарди во случајов во позиција на појак и послаб и од тие причини можам да кажам дека ние како партија имаме јасен став и тој став преку нашите пратеници го доставивме до Владата, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше и дека тие биле одбиени од Владата на Зоран Заев и истата одби да ги разгледува предлозите и сугестиите, а на тој начин тој игнорираше значаен дел од македонскиот народ.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This