March 28, 2024, 11:46 am

ДОДЕКА НА ЛУЃЕТО ИМ ГОРАТ ДОМОВИТЕ: Заев усвојува предлог закони за двојазичност и поставува партиски кадри на директорски функции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека животите и домовите на граѓаните се под закана поради пожарите кои во моментов горат во Македонија, кои државните институции не можат да ги локализираат, новата Влада на чело со премиерот Зоран Заев, се занимава со смени на директори во институциите и ставање партиски кадри на нивно место, потези кои во вакви моменти може само да го ослабат системот и ништо повеќе.

Граѓаните се гневни што Владата место да се фати за работа и место да ги гаси пожарите, заседава за смена на директори и назначување на партиски кадри во институциите, што во овој момент може да предизвика само нови неволји.

Во моментов активни се пожари би можело да се каже низ цела Македонија. Во моментов активни се повеќе пожари во неколку плански региони во државата. Станува збор за северниот (скопски), тетовско-полошкиот, југозападниот и повардарскиот плански регион. Се уште се активен пожарот во атарот на селата Требовље и Растеш. Пожарот од атарот на сeло Растеш, како што се наведува, се проширил во атарот на село Волче, а не се исклучува можност да се прошири и во атарот на населените места Битово и Заград.

Повторно се активиран пожарот во атарот на селото Близанско, кај местата викани Брдо и Круша и се шири кон местото викано Фојник.

Во пожарот во селото Могилец како што инфомираат од ЦУК интервенираат Територијалната противпожарна единица Македонски Брод, лица од месното население и лица од Шумско стопанство „Сандански“. Пожарот, како што се истакнува, се шири кон атарите на селата Клуќерец и Инче кон местото викано Даб, како и кон атарот на село Модриште. Гори дабова и борова шума. Во Могилец се опожарени пет куќи.

Пожари избувнаа и во Скопје, после вчерашниот на Матка, денеска горат Орешани, селото Осинчани,селото Јаболце во општина Сопиште, пожар има и над селото Волково, дојава е примена и за пожар во Бојане. Одредни информации велат дека повторно се активирал и пожарот на Матка. Пожар има и кај Барово кој брзо се разгорува и може да ја зафати боровата шума кон Водно. Уште неколку села во регионот на главниот град на Македонија се под закана од пожари.

Се уште е активен и пожарот во атарот на селото Подвис, кој се шири кон селото Алданци. Во реонот на Тетово, активни се пожари над селото Копанце,  каде гори површина обрасната со сува трева и ситна деградирана шума на планината Жеден. Истиот по сртот на планината е проширен кон село Туденце, а се движи и во правец на село Бојане во општина Сарај. Во атарот на село Гургурница во општина Брвеница активен е пожарот со кој гори сува трева и пасишта.

Активен е и пожарот во атарот на село Дреново, во месноста Дреновска Корија и е зафатена шума под даб, јасен и бука, на голема површина. Во меѓувреме појавени се уште два пожара на блиска локација. На терен биле лица од Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес. Пожарот полека се движи кон планината Лисец.

Додека Македонија на сите страни е под закана од пожари, кои според многумина се шират поради немање соодветна реакција, која сега се занимава со менување на директори во институциите и поставување на свои партиски кадри.

Според информациите на Курир, на терен нема никој во пожарот кој е активен кај селата Требовље и Здуње, посебно опасна би можела да биде ситуацијата во Здуње.

Граѓаните и на социјалните мрежи покажуваат разочараност од работењето на новата Влада, која место да направи стратегија за справување со ситуацијата со пожарите, како што веќе напишавме се занимава со менување на директори на институциите.

-До сега изгореа 5 куќи до темел во Могилец. Селаните се евакуираат сами а постарите чекаат роднините да ги извлечат. Повеќе не пишувам…све е џабе..нема Држава ни институции..Војскава нема вода…јадеа една конзерва. Прв оброк денес..1 конзерва…нека стои без пцовка…многу ми се наљутија…Вистината мене ме љути, пишува еден граѓанин на Фејсбук.


Денеска за Курир сведочеше и еден наш читател, кој кажа дека поради негрижата на институциите изгорени до темел се неколку куќи. Тој кажа дека повторно е активен пожарот кај селото Требовље кој се шири и претставува закана и за неколку други села.

Неспособноста на институциите во обидите да се изгаснат пожарите се закануваат и луѓе од други села да ги остават без кров над глава. Според зборовите на читателот на Курир, во селото Растеш пожарот се заканува да ги уништи куќите во местото Калец, каде веќе три дена евакуирани биле старица од 87 години и нејзиниот син со пречки во развојот, со помош на нивниот матичен лекар и сместени се во мојата куќа, вели за читателот за Курир.


Тој обвини дека ДЗС по медиумите се фали дека ги евакуирала и се грижела за луѓето, но како што вели тоа е лага, луѓето веќе три дена се евакуирани во неговата куќата и се грижи за нив, а од државата никој нема прашано дали тие луѓе имаат храна и лекови.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This